Предавање од Академик д-р Драго Бан

Во рамките на активностите на здружениот оддел за индустриска електроника/индустриски апликации и енергетска електроника (IE/IAS/ PELS) при Македонската секција на IEEE, а во ко-организација со Македонското здружение за енергетска електроника, погони и управување МАК-ЗЕЕПУ на 17. февруари 2014 година во салата за состаноци при ФЕИТ проф. д-р Драго Бан, од Универзитетот во Загреб, одржа предавање со наслов „Употреба на електро-моторни погони во потенцијално експлозивни средини“. Професорот Драго Бан е исто така и член на Академија на технички науки на Хрватска. Во рамките на предавањето беа презентирани Европските директиви за експлозивни средини, а потоа беа претставени опасностите што ги демнат електромоторните погони кои се инсталирани во вакви средини. Исто така беше даден осврт на современите светски трендови во развојот на електромоторните погони за експлозивни средини како и методологијата за избор на мотори за работа во вакви средини. Спомнати беа и процедурите за испитување на овие погони кои се применуваат во експлозивни средини. На крајот од предавањето беа презентирани разни примени на вакви погони инсталирани во експлозивни средини на територијата на Република Хрватска.На предавањето присуствуваа 17 слушатели од кои 10 беа членови на IEEE. Предавањето беше од особена корист за неколкуте инженери кои се вработени во ОКТА и гасната централа ТЕ-ТО во Скопје. Слајдовите од предавањето можете да ги најдете на веб страната на здружениот оддел на IE/IAS/PELS на http://ieeeiaiepel.feit.ukim.edu.mk/. Гога Цветковски






Контакт инфо

Македонска секција на ИЕЕЕ
Факултет за електротехника и информациски технологии
ул. „ уѓер Бошковиќ“ бб.
Поштенски фах 574
1000 Скопје

факс: 02 3064 262
02 3099 104
L.Karadzinov@ieee.org

Испрати порака

Следи не на


Линкови

Почетна
Активности
Извршен одбор
Други оддели
Инфо

estrogenolit